Путин се закашла на седница: Ме тестираат секојдневно, не само за Ковид, туку и за разни инфекции

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин се закашла денеска за време на владината седница, што се емитуваше на телевизија, а по седницата изјави дека се чувствува добро и дека буквално секој ден е тестиран за ковид.

„Не грижете се, се е во ред. Ме тестираат секојдневно, не само за ковид, туку и за разни инфекции, така што се е во ред“, рече Путин кога Валентина Матвијенко, претседател на горниот дом на парламентот, изрази загриженост за неговата здравствена состојба, објави Ројтерс.

Путин, кој минатата недела наполни 69 години, седеше одделно на оваа средба, додава британската новинска агенција.

Тој го обвини сувиот воздух за кашлицата и апелираше до неговите колеги да се вакцинираат.

Претседателот на Русија неодамна беше во самоизолација, бидејќи бројни членови на неговата придружба беа позитивни за Ковид, но Кремљ рече дека Путин се чувствува „апсолутно здрав“.

Слични содржини