Путин: Сите засегнати од пукањето во Казан ќе добијат помош

од Vladimir Zorba

Сите засегнати од пукањето во училиштето во Казан ќе ја добијат потребната помош и поддршка, рече денеска рускиот претседател Владимир Путин во својот воведен говор на состанокот со владата.

– Дозволете ми уште еднаш да потенцирам: Татарстан, сите оние кои се соочија со таа несреќа, семејствата кои беа погодени сигурно ќе ја добијат целата неопходна поддршка и помош – рече тој, пренесе TАСС.

Путин изјави дека упатствата биле дадени на руската влада, Министерството за здравство, Министерството за образование, Министерството за вонредни ситуации и агенциите за спроведување на законот веднаш по добивањето информации за пукањето во училиштето.

– Деновиве бевме во контакт со Рустам Нугалијевич (Миниханов), шефот на Татарстан – додаде тој.

Шефот на руската држава го слушна извештајот на рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко, за тоа како се лекуваат повредените.

– Сигурен сум дека се прават сите напори да се спасат животите на децата. Ајде да размислиме за тоа и да се молиме за нивно закрепнување – рече Путин.

Поранешен ученик во вторникот отвори оган во училиште во Казан, уби девет и рани 23 лица.

Слични содржини