Путин: Соработката меѓу Русија и Кина не претставува закана за Западот

од Stefanija Kuzmanovska

Русија и Кина не создаваат воен сојуз, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во интервју за руската телевизија „Русија 24“ и изјави дека оваа соработка не претставува никаква закана за Западот.

Путин наведе дека воената соработка меѓу двете земји е транспарентна, пренесе „Ројтерс“.

„Не создаваме никаков воен сојуз со Кина. Точно е, имаме соработка и во воено-техничката сфера, тоа не го криеме, но работиме транспарентно, нема ништо тајно“, рече Путин, пренесе „Спутник“.

Слични содржини