Путин: СССР не мораше да се распадне!

од desk3

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека распадот на СССР можел да биде избегнат. Тој тоа гоа изјави на средба со раководството на политичките партии во Кремљ. Притоа Претседателот додаде дека земјата би требало да оди по патот кон демократските промени. “Знаете каков ми е односот кон Советскиот Сојуз. Тоа можеше и да не се случи. Можеше да се одржат промените, вклучувајќи и демократските, и без тоа “, рече Путин.

images

Претседателот потсети дека земјата била предводена од комунистичка партија, а не “некоја друга, која ги протурка идеите на национализмот, или други деструктивни идеи кои се погубни за самата држава”.

Слични содржини