Путин удри по Фејсбук и Инстаграм: Русија ќе ја прогласи Мета за екстремистичка организација

од Nikola Popovski

Руското државно обвинителство бара од судот да ја прогласи Мета, компанијата што е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, за екстремистичка организација и да ја прекине работата во Русија.

Обвинителството тврди дека активностите на Фејсбук и Инстаграм може да се оквалификуваат како јавен повик за екстремизам и промоција на тероризам.

По тој повод руското обвинителство испрати барање до Росконадзор, руското регулаторно тело за комуникации, за забрана на социјалната мрежа Инстаграм во земјата.

Според Ројтерс, руската амбасада во САД по тој повод испратила официјално писмо до властите.

„Мета води агресивна и криминална политика која поттикнува омраза и непријателство кон Русија. Постапките на компанијата се уште еден доказ за информациската војна без правила што беше објавена во нашата земја“, се вели во соопштението на амбасадата.

Тие бараат властите во САД да ги запрат екстремистичките активности на Мета и да преземат чекори за да ги изведат сторителите пред лицето на правдата.

Во оваа прилика говореше и претставничката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Таа посочи дека западните медиуми пишуваат дека Мета им овозможува на корисниците на Фејсбук и Инстаграм да повикуваат на насилство врз граѓаните на Русија.

-Очекуваме официјална реакција од Мета, како и одговор на прашањето кој иницирал и одобрил ваква одлука, напиша Захарова на Телеграм.

Слични содржини