Путин: Вакцинацијата не треба да им се наметнува на луѓето

од Nikola Popovski

Вакцинацијата против коронавирус не смее да им се наметнува на граѓаните на Русија, но тие треба да бидат убедени во потребата од неа, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Нашата главна задача сега е да ја зголемиме стапката на вакцинација во земјата. Многу е важно луѓето да бидат убедени дека треба да се вакцинираат и дека тоа е единствениот начин да ја запреме епидемијата“, рече рускиот шеф на државата на состанок со членовите на владата.

Претседателот на Русија истакна дека повеќето луѓе разбираат дека вакцината е потребна за да се спасиме, со цел да ги спасиме нашите најблиски, објави Спутник.

„Тука ништо не може да се наметне, но треба да се објасни“, додаде Путин.

Тој додаде дека „луѓето многу тешко ја поднесуваат оваа епидемија и постои посебна одговорност на сите власти кои учествуваат во борбата против неа“.

Тој исто така вели дека кога станува збор за борба против короната во Русија, не е сè едноставно.

„Се разбира, луѓето се уморни. Скоро никој не ја избегна оваа неволја… Јасно е дека оваа подмолна епидемија што се враќа создава многу проблеми“, додаде тој.

Претседателот истакна дека состојбата е слична и во другите земји.

Вицепремиерката Татјана Голикова рече дека 33,6 милиони руски граѓани ја примиле првата доза на вакцината, додека 22,6 милиони ги примиле двете дози.

Слични содржини