ПУТИН ЗА ДОГОВОР ПРОТИВ ШПИОНАЖА: Со САД да се гарантира немешање во внатрешните работи

од Aleksandar Petrovski

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека и на Русија и на САД им се потребни гаранции дека другата страна нема да се меша во внатрешните работи на таа земја, пренесува агенцијата ТАС.

Во изјавата за руско-американската соработка на полето на меѓународната безбедност на информациите, Путин посочи дека верува оти е можно Русија и САД да разменат такви гаранции на заемно прифатлив начин.

Ваквите гаранции ќе се однесуваат на воздржување од мешање во внатрешните работи на другата страна, како што се мешање во информации, комуникациски технологии и високотехнолошки методи, рече Путин.

Слични содржини