Путин за косовското прашање: Позицијата на Русија е непроменета, го поддржуваме Белград

од Milan1

Русија секогаш го поддржува Белград во решавањето на косовското прашање, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Ставот на Русија е непроменет, го поддржуваме Белград.

– Што се однесува до нашите напори и заеднички чекори на меѓународната сцена, дури и во решавањето на косовското прашање, знаете дека нашиот став е принципиелен. Тоа не подлежи на актуелната политичка ситуација, рече Путин во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ во Сочи.

– Ја поддржуваме вашата позиција за косовското прашање, нагласи Путин.

Претседателот на Русија изрази надеж дека ситуацијата на крајот ќе се развие на начин што ќе одговара на интересите на сите луѓе кои живеат во регионот.

Слични содржини