Путин: Западот поттикнува хаос за да ја задржи својата доминација во светот

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека е сигурен оти Западот намерно поттикнува хаос и ја влошува ситуацијата во светот за да ја задржи својата глобална доминација.

„Потенцијалот за можни конфликти во светот расте, а тоа е директна последица на обидите на некои западни елити да ја зачуваат својата политичка, економска, финансиска, воена и идеолошка доминација по секоја цена“, рече Путин во видео обраќањето за време на средба со шефовите на воените одделенија на земјите членки Шангајската организација за соработка и Заедницата на независни држави, пренесува ТАСС.

Путин, исто така, го обвини Западот дека ја „експлоатира“ Украина и го користи нејзиниот народ како „топовско месо“ во конфликтот против Русија.

Слични содржини