Рајан Рејнолдс откри како се чувствува во улогата на татко по четврти пат (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се еден од најомилените и најзабавните парови на меѓународната сцена. Во бракот добија три деца – Џејмс (8), Инес (6) и Бети (3), а на почетокот на месецов станаа побројни со уште еден член од семејството.

Двојката не сакаше јавно да ја соопшти веста, а фановите подоцна на Инстаграм дознаа дека неодамна станале шестмина. Сега актерот од франшизата „Deadpool“ ги даде првите изјави по раѓањето на четвртото дете.

Рајан објасни дека се многу возбудени и, прибегнувајќи кон неговиот карактеристичен хумор, се пошегува дека „немаше да го направиме ова четири пати ако не ни се допаѓа“. На прашањето како другите членови на семејството се приспособиле на доаѓањето на бебето, актерот рече дека „нејзе (Блејк) ѝ оди одлично. Всушност, на сите им оди многу добро“ и призна дека „да не се адаптиравме досега, мислам дека ќе бевме во сериозна неволја“.

Рајан се приклучи на шоуто Power Lunch од неговиот дом, објаснувајќи дека куќата му изгледа како „зоолошка градина“, и повторно се пошегува: „Ова е мојата канцеларија и да бидам искрен, веројатно тука ќе го поминам остатокот од мојот живот!“.

За време на бременоста, парот не сакаше да открива многу информации на оваа тема. Блејк неочекувано објави дека го чека четвртото дете на црвениот тепих, а во деновите што следеа беше принудена да сподели неколку фотографии на својот Инстаграм профил за да престане печатот да ја малтретира поради тоа.

Името и полот на бебето се уште се тајна.

Слични содржини