Раб: Велика Британија не се меша во внатрешните работи на Кина

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб денеска ги отфрли обвинувањата на Кина дека Велика Британија се впуштила во грубо мешање во нејзините внатрешни работи.

„Ова не е грубо мешање во внатрешните работи“, рече Раб во интервју за „Ројтерс“.

„Тоа е прашање на доверба и многу земји ширум светот прашуваат дали Кина ги исполнува своите меѓународни обврски“, истакна британскиот министер.

Претходно истиот ден, кинескиот амбасадор во Лондон, Лиу Ксијаоминг ја обвини Велика Британија за грубо мешање и правење неодговорни проценки откако Пекинг воведе нов закон за безбедност во Хонг Конг.

Велика Британија соопшти дека наметнувањето на законите на Кина за безбедноста на Хонг Конг е јасно и сериозно кршење на Заедничката декларација од 1984 година и дека Лондон ќе им понуди на жителите од поранешната британска колонија пат до британското државјанство.

Слични содржини