Работата од дома е помалку стресна и попродуктивна

од Vladimir Zorba

Една германска студија покажала дека работата од дома за време на пандемијата на коронавирусот, работниците ја доживуваат позитивно.

“Вработените кои за време на пандемијата преминале на работа од дома поретко се наоѓаат под стрес и се попродуктивни“, произлегува од студијата, којашто заедно со здравствената осигурителна куќа DAK ја направил Институтот Forsa и Iges.

Пред избивање на пандемијата 21% од испитаниците рекле дека се наоѓаат под стрес, додека истото тоа сега, во текот на оваа светска здравствена криза, го рекле само 15% од луѓето.

Помеѓу оние кои во меѓувреме редовно работат од дома, 56% од нив изјавиле дека дома се чувствуваат попродуктивно, отколку на работното место.

Во позитивните ефекти на работата од дома спаѓаат и подобро усогласување на работата и семејството (две третини од испитаниците), а ист процент како посебно позитивен ефект на работата од дома го навеле тоа што не мора да трошат време за патување до работното место.

“Работата од дома не само што ја намалува опасноста од зараза, туку помага и за создавање душевна рамнотежа“, рече, директорот на DAK, Андреас Сторм.

Тој рекол дека овие позитивни сознанија би требало да се согледаат при пристапот кон работата од дома во иднина и дека притоа би требало да се настојува да се избегнат негативните аспекти на работат од дома.

Тоа пред се се однесува на проблемот на јасното одвојување на приватниот и работниот живот, што е посебно воочливо кај младите вработени, помеѓу 18 и 29 години. Три четвртини од испитаниците, имено, како негативност го истакнуваат фактот дека повеќе не се гледаат со колегите од работа.

Владејачката Социјалдемократска партија на Германија најавила иницијатива за законска регулатива која би овозможила право на работа од дома.

Слични содржини