Работи на коишто богатите и успешни луѓе никогаш не наседнуваат

од Vladimir Zorba

Постојат лаги што постојано ни се сервираат или пак ги користиме во итни ситуации, но има и такви што можат да бидат многу поопасни ако слепо им веруваме. Иако понекогаш е добро да се негува и чува детската наивност во секој од нас, постојат работи на коишто богатите и успешни луѓе никогаш не наседнуваат.

Доколку сакате да го следите нивниот пример, никогаш немојте да верувате во овие работи:

Тоа се само пари

Иако со пари не можат да се купат многу нематеријални работи, секогаш мора да се има предвид нивната вредност и моќта што ја поседуваат. Не мора секогаш да ги претворате сите работи во пари за да си докажете колку нешто вреди, но сепак треба да размислувате за ситуации во животот кога навистина ќе имате потреба од одреден износ на пари за да можете да си дозволите елементарни работи.

Нема да живеам вечно

Фраза што најчесто служи како изговор кога некој “немилосрдно“ троши. Има и вистина во тоа, не треба да се стегате, да не си дозволите нешто во што навистина уживате, но расипничкото однесување кон парите, не само што може да ве остави со празни џебови, туку може да ви создаде и дополнителни проблеми.

Целиот материјал на следниот линк!

Слични содржини