Работни групи во Собрание ќе расправаат за предлогот

од Берта Китинска

Повеќепартиска работна група составена по двајца пратеници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, по еден од ДУИ и Алијанса за Албанците и уште еден од помалите политички партии започнуваат расправа за забелешките на францускиот предлог од која треба да произлезат заклучоци.

Првата средба ќе се одржи денеска, а доаѓа по барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на ДС, Павле Трајанов.

Претседателот на Советот Шарл Мишел вчера имаше средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери заедно со координаторите на пратеничките групи. Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ излезе со став кои ќе бидат нивните барања.

„Да се избришат членот 11 и членот 14 од Протоколот а потоа во Преговарачката рамка каде што имаме принципи врз кои што се водат преговорите а ги избришат членовите каде што се годишните прегледи и делот на кој што се повикува Протоколот на Првата меѓувладина конференција. Штом се става на маса да се разговара и има желба да се разговара очигледно има можност да се најдат одредени поместувања по однос на сите овие ситуации“, вели Никола Мицевски.

Од СДСМ потврдуваат дека утре веќе е договорена средба на координаторите на пратеничките групи но и претставници на партиите во Собранието на кој ќе се дискутира за заклучоците кои треба да бидат разгледани и усвоени од Собранието.

„Овие разговори не се поврзани со содржината на преговарачката рамка. Потсетуваме, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна јавно одбија учество во работните групи иако им беше понудено.Очекуваме одговорност од сите политички партии“, велат од СДСМ.

Слични содржини