РАБОТНИЧКИ МАКИ: Колку пари се трошат за да се задоволат основните животни потреби за еден месец?

од Берта Китинска

Само за храна и сметки граѓаните  трошат над половина од својата плата. Според податоците од Државниот завод за статистика за минатата година, во просек 43,1% од месечната заработка се трошела за храна и безалкохолни пијалоци, додека за комуналните сметки се одвојувало 10,8% од приходите.

Инаку, околу 8% од месечната заработка Македонците ја освојувале за отплата на кредити.Најмалку од месечниот буџет се одвојува за образование и културни активности.

Статистиката покажува дека лани трошоците на живот се зголемиле за 0,8 процентни поени споредено со претходната година. Најголем пораст на цените има кај храната, сите видови пијалоци и тутунот, а намалување на трошоците е регистрирано кај облеката, обувките, превозот и домувањето.

Според последните податоци, на едно просечно четиричлено семејство месечно му се потребни 33.487 денари за задоволување на основните животни потреби.

Слични содржини