Работник од Мекдоналдс открива како вашиот помфрит да остане покрцкав и потопол

од Nikola Popovski

Помфритот е веројатно еден од најпопуларните видови на брза храна, но сите љубители знаат дека често може да стане мек и невкусен ако не го јадете веднаш. Бруно Буше, кој работел три години во Мекдоналдс, откри едноставен начин да го одржувате помфритот свеж и крцкав подолго, а тоа ќе ви се најде особено од корист, ако на пример, го купите во „драјв-ин“. За да не изгуби својата крцкавост кога ќе го донесете дома, потребно е да направите едноставна работа.

„Грешката што ја прават сите е што ја затворат хартиената кеса во која пристигнува храната. Веројатно претпоставувате дека таквата затворена вреќа ќе го задржи компирот топол. Тоа не е во ред. Она што всушност се случува е дека топлината создава пареа што ќе ги омекне компирите и тие повеќе нема да бидат толку крцкави“, го пренесува неговиот совет „Lad Bible“.

Ако мислите дека само така ќе се олади, Бруно исто така советува како да го заобиколите тоа.

„Обично се ставаат исправени во вреќата, но подобро е да ги поставите хоризонтално бидејќи така ќе се ладат побавно. Најдобро е да ги ставите на дното и да ги ставите бургерите над нив. Никогаш повеќе нема да имате студен и невкусен помфрит, ви го гарантирам тоа“, заклучил тој.

Слични содржини