Работник во Амазон побарал поголема заштита од коровирусот и бил отпуштен од работа

од Stefanija Kuzmanovska

Работник во Амазон кој предводеше протест во филијалата „Амазон“ во Њујорк претходно оваа недела е отпуштен од работа.


Крис Смолс беше асистент менаџер во магацинот „Амазон“, каде работеше 5 години. Во понеделникот, тој одржа протест, барајќи од десетици колеги да ја затворат и дезинфицираат зградата во која работат, откако повеќе вработени се разболеле од коронавирусот. Работниците исто така побараа поголема заштитна опрема и компензација за опасната работа за време на пандемијата.

Амазон тврди дека Смолс не се придржувал до мерката за останување во домот која му била наметната бидејќи бил во контакт со заразените и дека отказот со протестот нема никаква врска.

Целиот случај, по барање на градоначалникот, ќе го испита њујоршкиот комесар за човекови права.

Слични содржини