Работниците од Западен Балкан имаат позитивно влијание врз германскиот пазар на трудот

од Vladimir Zorba

Имиграцијата на работниците од Западен Балкан има позитивно влијание врз германскиот пазар на трудот, се вели во студијата на Институтот за истражување на пазарот на трудот во Нирнберг.

„54 проценти од вработените според правилата за вработување се луѓе од Западен Балкан и се квалификувани работници, додека 4 проценти се високо квалификувани“, според студијата на Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ) објавена денес.

Според истата студија, 42 проценти од луѓето вработени по т.н. Правила за вработување лица од Западен Балкан се помошни работници.

Регулативата за вработување од Западен Балкан беше воведена во почетокот на 2016 година, откако земјите од овој регион беа вклучени во списокот на т.н. безбедни земји кои практично ја исклучија можноста за добивање азил за граѓаните на овие земји во Германија.

Условот за имиграција во Германија е, за разлика од другите слични правила, само договор за вработување и не сертификат за квалификација. Според некои критики, ваквата регулатива доведе до фактот дека само неквалификувани работници во секторот со пониски плати доаѓаат во Германија.

Критиката исто така се однесува на тврдењето дека постари работници доаѓаат во Германија, а се изразија стравувања дека тие ќе бидат товар за германскиот социјален систем заради нивниот краток работен век до пензионирањето и ниските поволности за пензионирање.

Студијата за ИАБ исто така покажа дека претежно помлади работници доаѓаат во Германија преку правилата за Западен Балкан. Во 2016 и 2017 година 73% од работниците биле под 40-годишна возраст, а 86% се мажи.

Најголем процент, 44 проценти, се вработени во градежништвото и 13 проценти во гастрономијата.

„Интеграцијата во пазарот на трудот на луѓето кои пристигнаа во Германија преку ова правило, имајќи ја предвид стабилноста во работата и заработката во однос на другите имигрантски групи и локалното население, беше успешна“, се заклучува во студијата.

Одлуката за продолжување на ова правило, што истекува на крајот на оваа година, сè уште не е донесена. Според некои проценки, продолжувањето е, и покрај позитивните искуства, сомнително, особено откако пандемијата на коронавирус и економската криза го зголемија бројот на невработени во Германија.

Слични содржини