Рачниот менувач брзо ја губи својата популарност – автоматиците го преземаат пазарот

од Stefanija Kuzmanovska

Рачното менување на брзините повеќе не е популарно, а квалитетот и удобноста што ги нудат автоматските менувачи се, очигледно, сè поважни за клиентите.

За тоа дека рачните менувачи се сè помалку присутни на пазарот пишувавме во неколку наврати. Но, не е лошо да се потсетиме како дише пазарот.

Некои модели, како што е серијата 3 на BMW, веќе воопшто не нудат рачни менувачи, додека некои производители, како што е Mercedes, имаат ограничени рачни менувачи само на основните, најмали модели, како што е класата А.

Еве каква е состојбата на најважниот европски пазар.

Возачите во Германија се повеќе возат автомобили со автоматски менувач. Како што објави Deutsche Automobil Treuhandu (DAT), две третини (66,4%) од новите возила продадени оваа година биле опремени со автоматски менувач.

За споредба, во 2000 година, само една петтина од автомобилите (19,6%) беа опремени со рачен менувач.

Ако можете да изберете, кој менувач би сакале да го имате во вашиот автомобил?

Слични содржини