Радарите „ловат“: За шест часа напишани 202 казни за брзо возење

од Берта Китинска

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (22 април) од 11 до 17 часот спровеле засилена контрола на брзината со која се движат возилата, во која биле изречени вкупно 202 мерки, од кои 106 надвор и 96 во населено место.

Од мерките изречени надвор од населено место (ТЕ-72 и ГВ-34), 9 (ТЕ-6 и ГВ-3) се однесувале на возачи кои се движеле со брзина поголема од 70 километри на час над максимално дозволената, а 48 (ТЕ-18 и ГВ-30) до 70 километри на час.

При контролата санкционирани се и 96 возачи во населено место (ТЕ-49 и ГВ-47) кои се движеле со поголема брзина од максимално дозволената, меѓу кои 4 (ТЕ) до 50 километри на час. На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни, законски предвидени поднесоци.

Санкционирани, исто така, биле и 8 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-5).

Слични содржини