Раде Шербеџија ги поддржа протестите во Белград

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Раде Шербеџија на својот Фејсбук профил ги поддржа протестите што се одржаа во Белград пред Националното собрание. Раде сега на социјалните медиуми напиша дека добил бројни замерки за испраќање на својата порака за поддршка на денот на обележување на злосторствата во Сребреница, пренесе „Нова.рс“.

„Дури денес стигнав повторно да го отворам Фејсбукот и видов замерки што ја испратив мојата порака за поддршка за мирните демонстрации во Белград на денот на одбележување на ужасното злосторство и геноцид што беше извршено во Сребреница. Јас сум личност која претежно не гледам телевизија, читам весници многу нередовно и многу често ги заборава деновите од неделата или датумите во месецот, особено кога работам. Едноставно не знаев дека завчера беше ден што го одбележа сеќавањето и жалењето за тој ужасен злостор. Секако дека сум згрозен од фактот дека во денешно време можеше да се случи такво брутално злосторство…“, напиша Шербеџија, додавајќи:

„Лошо стојам со датумите, но суштината не е во датумот, туку во тоа што носи човекот во себе и како постапува секој ден во годината. За жал, кај нас, овие трагични датуми најчесто ги користат политичарите за нивни манипулации и промоции. А сигурно е дека треба да ги споменуваме и Сребреница и Сараево и Вуковар и Јасеновац… и уште многу такви трагедии, да не се забораваат, со надеж дека ќе научиме нешто и дека идните генерации нема да страдаат… Јас, со својата работа и живот, колку што знам и можам, се обидувам да придонесам за надминување на траумите, градење и создавање нови мостови на солидарност и пријателство и да престане насилството во овие наши простори“, порача уметникот.

Слични содржини