Радев: Борисов да се кандидира за претседател на Бугарија

од Берта Китинска

Мислам дека е крајно време Борисов да престане да ја користи својата партија како штит и да ја одбрани честа со кандидатурата за претседател. Ова денеска пред новинарите го изјави претседателот Румен Радев, пишува  БГНЕС.

Според Радев, аргументот на другите партии, а особено на ГЕРБ, да не номинираат кандидати за претседателските  избори, за да не „пукаат“ во нив, не е валиден.

На прашањето дали „фрла ракавица“ кон Борисов, Радев одговори: Не, мислам дека е правилно. По целиот разговор, ова е логичниот исход.

Од денеска, иницијативните комисии, кои ќе номинираат независни кандидати за претседател и потпретседател на изборите на 14 ноември, можат да аплицираат за да се регистрираат во Централната изборна комисија на Бугарија. Крајниот рок за доставување документи е 4 октомври.

 

Слични содржини