Радев: Бугарија отсекогаш ја поддржувала С. Македонија во нејзините најтешки моменти

од Nikola Popovski

Бугарија отсекогаш ја поддржувала РС Македонија во нејзините најтешки моменти и сите земји од нашиот регион си поставиле цел да се приклучат кон Обединета Европа. За почеток на преговорите за влез во ЕУ, сепак, потребна е одредена европска зрелост, исполнување на низа критериуми, меѓу кои е задолжително почитувањето на човековите права, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за грчки „Катимерини“.

Тој додал дека во последните месеци „се сведоци на неуспех на наведените амбиции на РСМ за евроинтеграции, по голем број злосторства од омраза врз локалните Бугари“.

-Палењата и пукањето врз бугарските културни клубови во РСМ и насилството врз Бугарите во земјата откриваат ситуација која е поблиска до мрачното минато на Балканот отколку до нивната европска иднина, рекол шефот на бугарската држава

Радев потсетил дека и Бугарија и РС Македонија го прифатиле предлогот на француското претседателство со Советот на Европската унија.

-За целосно започнување на пристапните преговори, РС Македонија мора да ги заврши договорените уставни измени и да ги внесе Бугарите во Северна Македонија на рамноправна основа со другите државотворни народи наведени во нејзиниот Устав. Без овој чекор преговорите навистина не можат да започнат, рекол бугарскиот претседател, додавајќи дека македонските власти треба да се охрабрат и да преземат храбри чекори за демократизација на државата.

Слични содржини