Радев: Добрососедските односи со С. Македонија само преку историската вистина

од Nikola Popovski

Добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија ќе бидат стабилни и неповратни во време кога историската вистина не обединува,  напишал бугарскиот претседател Румен Радев на својата Фејсбук страница.

„На 4 мај славиме 119 години од смртта на Гоце Делчев. Националната конференција во негов спомен е израз на нашата длабока почит кон животот и делото на овој голем апостол на слободата на македонските Бугари“, додал шефот на бугарската држава.

Националната конференција „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“ ќе се одржи на 4 мај во Националната палата на културата во Софија.

Конференцијата е во организација на Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките и Македонскиот научен институт и е под покровителство на бугарскиот претседател.

Слични содржини