Радев: Европската перспектива на С. Македонија е стратешка цел за Бугарија

од Nikola Popovski

Се врши притисок врз Бугарија преку европските институции да стави вето на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската унија, вели бугарскиот претседател Румен Радев на Националната конференција за европската перспектива за добрососедски односи меѓу двете земји.

„Се користат секакви механизми за лобирање и притисок во позадината на војната во Украина, која од европските институции се користи како аргумент за итна, итна интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија, дури и на цена на тешки компромиси од наша страна во име на на стабилноста на Европа, се разбира, како што тие го разбираат овој проблем во Брисел“, изјавил Радев.

Радев ја дефинирал европската перспектива на Северна Македонија како стратешка цел за Бугарија, но ги истакнал и компромисите што не можат да се направат.

„Европската алтернатива на Република Северна Македонија нема алтернатива и е стратешка цел на Бугарија“, рекол претседателот Румен Радев на форумот.

Тој нагласил дека во моментов во Македонија има антибугарска кампања.

Шефот на државата бил дециден дека Бугарија не дејствува од позиција на сила, туку дека не може да направи компромиси со правата на македонските Бугари и дека не може да се согласи со, како што вели, кражбата на историјата.

„Големото прашање е кога Бугарија ќе се согласи да го започне преговарачкиот процес. Ова треба да биде откако ќе се промени Уставот и македонските Бугари ќе бидат регистрирани рамноправно со другите делови на нацијата. Кога ќе видиме јасни гаранции за одржлив и неповратен процес за заштита на нашето културно и историско наследство“, појаснил Радев.

Слични содржини