Радев ги одложи изборите поради коронавирусот: Бара промена на изборниот процес

од Nikola Popovski

Бугарскиот претседател Румен Радев ги одложи парламентарните избори и повика на промена на процедурите за гласање.

По повод промените во постапката за гласање, Радев ги покани претставниците на партијата „Волја“ на консултации. Сепак, заменик претседателот на Националното собрание, лидерот на партијата „Волја“, Веселин Марешки, смета дека вакви консултации не можат да се одржат два месеци пред изборите.

„Ми се чини многу чудно што консултациите се одвиваат токму сега, а не пред шест месеци“, изјави тој.

Политичарот исто така смета дека не е во надлежност на претседателот да се справи со промените во изборниот процес, туку тој треба само да распише избори.

„Претседателот Радев сакаше избори на 28 март и сега тој бара подоцнежен датум. Прашањето е: кој го притиска? “, рече Марешки.

Радев во декември распиша избори за крајот на март, но на почетокот на јануари, поради големиот број смртни случаи од Ковид-18, тој наложи да се одложат изборите како мерка против ширење на вирусот.

loading...

Слични содржини