Радев ги почна консултациите за состав на нова бугарска Влада

од Берта Китинска

Нашата земја се соочува со низа предизвици, бугарскиот парламент и владата што треба да се формираат треба да решат важни задачи, да го продолжат процесот на зајакнување на државноста, да обезбедат стабилна предвидлива правна рамка за бизнисот, решавање на итните проблеми поврзани со длабоките реформи во судството, за ажурирање на буџетот.Сите чекаат. Ова го изјави претседателот Румен Радев за време на консултациите со ИТН, пренесува БГНЕС.

Заменик претседателот на „Има таков народ”, Ташко Јорданов, изјави дека неговата партија ќе предложи влада.

-Сите сфаќаме дека наша е одговорноста како победници на парламентарните избори. Претседателот Трифонов веднаш, следниот ден по изборите, рече дека сме свесни за оваа одговорност и ќе ја преземеме со јасна свест за тоа што се бара од нас. Свесни сме дека ние мора да се обидеме да направиме кабинет и Националното собрание да работи, рече Јорданов.

Тој изрази надеж дека доколку политичките субјекти надминат некои свои партиски интрси и делови од програмите, што не се во согласност со оние на другите, тие ќе можат да формираат доволно стабилно парламентарно мнозинство за да ја изберат новата влада на Бугарија.

Во меѓувреме, стана јасно дека ГЕРБ-УДФ нема да учествува на денешните политички консултации со претседателот Румен Радев. Ова во парламентот го соопшти претседателката на пратеничката група Десислава Атанасова.

Слични содржини