Радев ги повика пратениците да не дозволат целосна блокада на државата

од Берта Китинска

Очекувам народните избраници да ја исполнат својата должност кон бугарските граѓани и државата и да конституираат парламент, бидејќи има многу проблеми што треба да се решат, порача бугарскиот претседател, Румен Радев, во Брисел.

Шефот на државата посочи дека не само што има важни закони кои парламентот треба да ги донесе, туку и низа важни државни органи, кои се уставно формирани, се нецелосни или работат надвор од својот мандат.

„Тоа е исто така огромен проблем. Ако продолжиме вака, ќе дојдеме до целосна блокада на државата“, додаде Радев.

Бугарскиот претседател порача дека мандатот за формирање влада може да го предаде само кога има структурирани пратенички групи.

„Во оваа длабока криза, преодната влада категорично нема да го покренува прашањето и да работи на тоа бугарските граѓани – домаќинствата да излезат на слободниот пазар на електрична енергија“, изјави претседателот. Тој изрази надеж дека и следната редовна влада ќе работи во оваа насока.

Радев престојува во Брисел на состанокот на Европскиот совет.

Слични содржини