Радев: Изборите во формат „2 во 1“ ќе се одржат на 14-ти ноември

од Nikola Popovski

Заедно со првиот круг од претседателските избори на 14 ноември, ќе се одржат и изборите за нов парламент, соопштил денеска бугарскиот претседателот Румен Радев при посетата на Плевен.

Народното собрание ќе се распушти што е можно поскоро, но Радев не објави конкретен датум.

„Што е можно побрзо, во согласност со редот и барањата на Уставот, изборниот закон и технолошкото време за издавање укази. Изборите ќе бидат во формат „2 во 1“ на 14 ноември. На овој начин ќе заштедиме пари во буџетот, а особено времето на луѓето. Очекувам следната преодна влада да продолжи да работи на искоренување на корупцијата и да работи транспарентно и одговорно“, рече претседателот.

Уставот предвидува двомесечен период помеѓу распуштањето на Националното собрание и парламентарните избори, што значи дека 46-от парламент најверојатно ќе биде распуштен на 14 септември.

Тој не коментираше дали ќе направи промени во привремената влада во Бугарија, како што тоа му го овозможува Уставот на земјата.

На прашањето, дали е можно да се појави нов политички субјект во изборната кампања, Радев рече дека ги поддржува вредностите, а не партиите и дека нема никој да зборува во негово име. Тој појасни дека во сите партии, но и надвор од нив има личности кои ги почитува надвор од партиите.

Слични содржини