Радев: Кризата меѓу Русија и Украина претставува закана за безбедноста на цела Европа

од Milan1

Кризата меѓу Русија и Украина претставува закана за безбедноста не само на Бугарија и нашиот регион, туку и на цела Европа, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.

Оваа криза претставува закана за безбедноста не само на Бугарија и нашиот регион, туку и на цела Европа. Ова е криза е со глобална димензија. Таму дијалогот се води на највисоко ниво, меѓу САД и Русија, НАТО и Русија, ЕУ и Русија“, ова пред новинарите го истакна претседателот и врховен командант на бугарските вооружени сили Румен Радев, како одговор на прашање за кризата меѓу Русија и Украина.

Шефот на државата денеска се запозна со анализата за состојбата и обуката на вооружените сили во 2021 година, која ја презентираше началникот на одбраната на Бугарија адмирал Емил Ефтимов.

„Бугарија е дел од напорите за намалување на тензиите. Сите мора да работиме за да избегнеме воено решение на оваа криза. Воено решение не може да има, решение може да се бара преку дипломатија и тука се прават сите напори, рече Радев.

Радев ја коментираше и состојбата со бугарската армија.

„Треба еднаш засекогаш да прекинеме со овој став да размислуваме за проблемите на армијата од криза во криза, и од катастрофа во катастрофа. Заложбите на државниот врв за развојот на вооружените сили мора да бидат постојани и наменски и да не се ограничуваат на еднократни акти за набавка на нова опрема и оружје“, рече бугарскиот претседател.

Радев рече дека модернизацијата е континуиран процес на градење одбранбени капацитети со фокус главно на луѓето во армијата, на новите технологии и иновации.

Слични содржини