Радев: Нашите браќа од С. Македонија треба да влезат во ЕУ

од Nikola Popovski

„Пред една година, во септември, свикав итен консултативен состанок со владини претставници, каде што се обидов да развијам национална рамковна позиција која јасно ќе ги утврди нашите услови и црвените линии. Јас продолжувам да се залагам за тоа“ изјавил бугарскиот претседателот Румен Радев на новинарско прашање дали Бугарија треба да ја брани својата позиција во однос на македонското прашање или да отстапи.

Тој објаснил дека сега е потребно да се почека да се смират емоциите и да се има трпелие, смиреност и разум.

„Нашите браќа од С. Македонија треба да бидат членки на ЕУ, но ова мора да биде одржлив процес, каде искоренувањето на антибугарската реторика, јазикот на омраза и објективното признавање на историската вистина, треба да станат неизбежни. И тука Бугарија мора категорично да ги брани своите права“, посочил шефот бугарската држава, кој додал дека парлемантарните избори во Бугарија ќе се одржат на 28 март 2021 година.

Слични содржини