Радев не прифаќа ултиматуми во односите со С.Македонија

од Берта Китинска

„Имам јасна политика во однос на РСМ и ќе продолжам да ја бранам“, рече денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

Бугарија минатата година беше изложена на сериозен притисок во врска со стартот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, но го издржавме тој притисок, изјави Радев.

– Мислам дека и јас и преодната Влада ги образложивме причините и ги објаснивме позициите на Бугарија и тие беа прифатени. Станува збор за почитување на човековите права и говорот на омраза, што е некомпатибилно со европските принципи, истакна Радев.

Запрашан за коментар на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека можеби ова е единствената и последна шанса за да се спасат односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и дека е веќе доста, бидејќи земјава направи се што можеше и не можеше да се направи, Радев само кусо одговори дека е „крајно непримерно да ѝ се поставуваат ултиматуми на Бугарија”.

Слични содржини