Радев: Ни треба храброст како на Гоце Делчев за да ја отфрлиме всадената поделба

од Берта Китинска

Денес, 150 години по раѓањето на Гоце Делчев, и во Бугарија и во Република Северна Македонија се поклонуваме на неговиот спомен, напиша на својот Фејсбук профил бугарскиот преседател Румен Радев за чествување за Гоце Делчев пред неговиот споменик на плоштадот „Македонија“ во Благоевград.

-Заедно го чествуваме во духот, како што би сакал и самиот Делчев, бидејќи за време на неговиот живот се собираше и се обединуваше и се бореше против поделеноста и нашите заеднички слабости. Инспирирани од примерот на Гоце Делчев, волјата и силата, чесноста со која тој го водеше ослободителното движење, нашите предци негуваа во себе храброст и сила со која го поддржаа светлиот идеал – слобода и достоинство за секој човек. Денес, од двете страни на границата, потребна ни е таква сила и храброст да се ослободиме од заблудите, да ги отфрлиме нашите вкоренети поделби и идеолошки окови и заедно да најдеме пат напред, изјави Радев.

Слични содржини