Радев од Португалија: Безрезервна поддршка за Албанија, С. Македонија да ги исполни потребните барања

од Nikola Popovski

За Бугарија е исклучително важно да се придржува до националната рамковна позиција во својата надворешна политика кон Република Северна Македонија, до декларацијата на Парламентот, до консензусот постигнат од Советодавниот совет за национална безбедност, порачал шефот на бугарската држава Румен Радев пред бугарските новинари при посетата на Португалија.

-Се надевам дека ќе ја задржиме оваа политика, бидејќи тоа е единствената гаранција дека имаме одржливост и неповратност на интегративниот процес на Република Северна Македонија, додал претседателот.

Темата за евроинтеграциите на Западен Балкан беше истакната и на вчерашната средба на Радев со неговиот португалски колега Марсело Ребело де Соуза, одржана во Порто. Радев посочил дека Бугарија веќе изразила безрезервна поддршка за Албанија за почеток на преговорите, но на Република Северна Македонија ќе ѝ треба повеќе време за да ги исполни потребните барања.

Слични содржини