Радев по победата: Новата Влада да не отстапи од заложбите за правата на сонародниците надвор од Бугарија

од Берта Китинска

Новата влада не треба од отстапи од националните позиции, особено кога залог се бугарскиот идентитет и историја, како и правата на нашите сонародници зад границата, кажа Румен Радев во првата изјава дадена по победата во вториот круг од претседателските избори во Бугарија на кои освои втор мандат.

Новата бугарска влада најверојатно ќе ја сочинуваат „Продолжуваме со промените“, „Демократска Бугарија“, Бугарската социјалистичка партија и ,,Има таков народ” на Слави Трифонов.

Кирил Петков  од „Продолжуваме со промените“, кој е најсериозниот кандидат за иден премиер на Бугарија  најави нов пристап во односите со Северна Македонија, во кој доминантна ќе биде економијата, а не историјата.

„Треба веднаш да направиме заеднички работни групи, но тие нема да бидат составени само од историчари, туку и од луѓе од бизнисот, од културата, од образованието, за да не зборуваме само за историја туку за се што може да придонесе за добробитта и за зајакнување на добрососедските односи“, рече Петков.

Слични содржини