Радев: Пратениците гласаа „бланко-чек“ за Македонија

од Nikola Popovski

Шефот на бугарската држава Румен Радев денеска ја прокоментирал одлуката на Бугарскиот парламент за прифаќање на францускиот предлог за решавање на спорот со Македонија.

-Пратениците вчера гласаа „бланко-чек“ за нешто што не можеа ни да го прочитаат и што ќе ги остави следните влади во неплодни расправии, рекол шефот на бугарската држава.

Според него, бугарските партии, со исклучок на „Има таков народ“ пред неколку месеци ги отфрлиле истите предлози што ги одобрија откако ги предложил францускиот претседател Емануел Макрон.

-Знаете дека јас долго време инсистирав македонските Бугари да бидат запишани во Уставот. Факт е дека тоа беше прифатено од француското претседателство, но парадоксално е што беше полесно да се убедат францускиот претседател и европските лидери отколку бугарскиот премиер, чиј кабинет дури и не презеде одговорност за своите постапки, коментирал Радев.

-Што се однесува до гаранциите за културно-историското наследство, вчера пратениците гласаа „бланко-чек“, без неопходните механизми и рокови за заштита. Следните бугарски влади ќе бидат во сегашната ситуација – да имаат неплодни спорови со македонската страна, додал Радев.

Слични содржини