Радев пред вториот круг: Сметам на сите граѓани кои сакаат Бугарија да биде модерна земја

од Nikola Popovski

Изборите ја покажаа решеноста на општеството да се бори против корупцијата и беззаконието. Обидите за нерегуларности не успеаја, изјави бугарскиот претседател и кандидат за втор мандат, Румен Радев во својот прв коментар за медиумите по изборната ноќ, објави БГНЕС.

-Нашата победа зависи од нашата мобилизација и од гласот на секој Бугарин кој верува дека во Бугарија се можни почитувањата на законите, рече Радев и најави дека пред вториот круг в недела ќе учествува на дебата со неговиот противкандидат, ректорот на Софискиот универзитет, Анастас Герџиков.

-Ќе сметаме на сите политички сили и граѓани кои сакаат Бугарија да биде модерна земја, додаде тој.

-Партиите имаат императивна задача да формираат реформска влада која ќе биде поддржана од јасно мнозинство, истакнува Радев.

Тој смета дека нема да биде лесно да се формира влада во оваа ситуација, но многу се надевам дека партиите извлекоа поуки од претходните два парламента.

-Тука е прашањето за цената. Дали по секоја цена ќе имаме влада или ќе имаме влада на промени, рече Радев, нагласувајќи дека таков дијалог може да се формира преку дијалог.

Според Радев, еден од главните проблеми денеска било тоа што луѓето не излегле на гласање и дека излезноста била мала.

Слични содржини