Радев: Системската дебугаризација во Македонија не е билатерален, туку европски проблем

од Nikola Popovski

Бугарија очекува правно обврзувачки гаранции од ЕУ за постигнување напредок во европската интеграција на Македонија, нагласил бугарскиот претседател Румен Радев пред самитот ЕУ-Западен Балкан.

-Вистинската суштина на проблемот во Република Северна Македонија е систематската дебугаризација и уништување со години на бугарското културно-историско наследство во оваа земја. Децениското негирање на македонските Бугари не е билатерално прашање: човековите права и недискриминацијата се основни принципи вкоренети во темелите на Европската унија, изјавил Радев пред новинарите во Крањ.

Радев истакнал дека овие самити во Словенија се одржуваат во позадина на бројните сигнали за прогон и закани на лица со бугарски идентитет во процесот на пописот во Република Северна Македонија.

-Тие се случуваат и во позадина на замената на бугарскииот споменик пред неколку дена, што покажува дека не само што се прогонуваат живите, туку се уништува и споменот на загинатите Бугари. Повеќе од 120.000 граѓани на Република Северна Македонија се исто така државјани на Република Бугарија, врз основа на нивната експлицитна изјава за намера и презентирани објективни документи за потекло, уште десетици илјади ги чекаат нивните бугарски пасоши и нашата земја очекува оваа реалност да се земе во предвид, посочил Радев.

Според претседателот, европските партнери на Бугарија се повеќе ја разбираат суштината на проблемот со Република Северна Македонија. Потиснувањето на правата на граѓаните во РСМ, кои исто така се државјани на Република Бугарија, е предизвик за самата Европска унија, бидејќи тие се и европски државјани.

-Очекуваме овој процес на дебулгаризација да престане, потенцирал Радев.

Слични содржини