„Рафа е многу силен играч, мора да го покажам мојот најдобар тенис“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Данил Медведев е вториот финалист на Австралија опен откако го победи Стефанос Циципас со 3:1 и се закажа финале со Рафаел Надал, со кого ќе се сретне в недела од 09.30 часот по наше време.

Медведев се осврна и на неговите нервозни реакции, кога брутално го навреди судијата поради Циципас и неговиот татко.

– Емоциите се такви, ги загубив нервите, но на крајот ми помогна тоа што исфрлив се од себе и добив два сета во продолжението, изјави тој.

Се осврна и на финалето против Надал.

– Финалето на ГС е нешто посебно. Загубив од Рафа во моето прво Гренд слем финале, игравме околу 5 часа. Игравме неколку меча оттогаш и јас сум подготвен… Рафа е многу силен играч, мора да го покажам мојот најдобар тенис – изјави Медведев.

Слични содржини