Рафа и Ноле добија цвеќиња пред егзибицискиот меч во Казахстан

од Vladimir Zorba

Најдобрите тенисери на светот, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, денеска ќе одиграат егзибициски натпревар во главниот град на Казахстан, а на аеродромот во Нур Султан, беа топло пречекани со цвеќиња.

И Рафа и Новак добија букети, а нивниот меч во „Барис арената“ во градот кој до пред некој месец се викаше Астана, ќе го гледаат 11.578 љубители на тенисот.

Шпанецот правеше свадба изминатиот викенд, па ова ќе му биде прв натпревар во кариерата како сопруг и оженет човек. Ѓоковиќ в понеделник ќе му го препушти првото место на Надал на АТП листата, а на Мастерсот во Лондон ќе се одлучи кој од нив двајца ќе ја заврши годината како „светски рекет број 1“.

Слични содржини