Рахиќ: Затворениците слушнале дека ослободуваат притвореници во други држави, па бараат да ги ослободиме

од Берта Китинска

Паниката која се шири во затворот во Шуто Оризари не е главно поради корона вирусот, туку создадена е по информациите дека некои влади ги пуштиле притворениците во домашен притвор, што наиде на такви барања и овде, вели директорот на затворот во Шуто Оризари, Есад Рахиќ во гостувањето во „Утрински брифинг“ за „Слободна ТВ“.

-Кај оние кои контактирале со починатото лице заразено од коронавирусот се  шестмина полицајци и тие се во карантин по непосреден контакт со лицето. Но, паниката беше предизвикана од една друга причина. Слушнале одредени влади дека пуштале лица дома и оттаму и овде барањата. Набавени се брзи тестови, 25 притворени лица се тестирани и кај ниеден нема позитивен тест, изјави Рахиќ.
Тој соопшти дека на 18.март со директорот на Управата за санкции разговарале одредени лица да бидат пуштени во домашен притвор, главно лица со полесни казни кои ги исполнуваат условите.Одреден дел на притворени луѓе можат да бидат пуштени затоа што седат внатре, а обвинети се за престапни прекршоци. На некои од нив завршена им е истрагата и очекуваме од Владата да излезе во пресрет да се релаксира состојбата, рече Рахиќ.

 

Слични содржини