Раиси: Иран планира да го тужи Трамп за убиството на Сулејмани

од Aleksandar Petrovski

Иран планира да го тужи американскјиот претседател Доналд Трамп за убиството на командантот на специјалните единици Кудс на Иранската револуционерна гарда, генералот Касем Сулејмани, соопшти денеска претседателот на иранскиот Врховен суд Ебрахим Раиси.

Раиси кажа дека одговорните за ова кривично дело ќе бидат процесуирани, пренесе Тасс, повикувајќи се на агенцијата Фарс.

-Мораме да го именуваме американскиот претседател како главен обвинет, рече Раиси, додавајќи дека Трамп мора да биде осуден на меѓународно ниво.

Тензиите на Блискиот Итсок ескалираа по воздушниот напад со американски дронови во близина на аеродромот во Багдад, на 3 јануари, кога беше убиен Сулејмани. Во знак на одмазда Иран со ракети гаѓаше две американски бази во Ирак.

Слични содржини