Актуелно
Почетна / Спорт / Рајола за Погба: Тој не е среќен

Рајола за Погба: Тој не е среќен

Еден од најпознатите фудбалски агенти, Мино Рајола, даде нов коментир за својот клиент Пол Погба. Французинот има уште една година од неговиот договор со Манчестер јунајтед.

– Не знам ништо сигурно (за иднината на Погба). Тој не е среќен денес, но тоа е затоа што тој не игра. Се опоравува. Пол не е среќен ако не игра. Општо познато е дека минатата година, очекувањата на клубот кон играчот, како и на играчот кон клубот, не се оствари, рече Рајола.

Пред извесно време агентот дојде во судир со Манчестер Јунајтед, велејќи дека клубот ќе уништи дури легенди како Марадона и Пеле. Солскјаер одговори дека не е негова работа да коментира.

За овој случај, Италијанецот сега призна дека се кажани силни зборови, дека неговите односи со директорот Ед Вудвард се добри, и тој слушал само добри работи за Солскјер.

loading...