„Раката на Господ“ на 19 август го отвора 43. ИФФК „Браќа Манаки“

од Vladimir Zorba

43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ на 19 август го отвора филмот „Раката на Господ“ на Паоло Сорентино, беше соопштено на денешната прес конференција.

-Годинава, на ИФФК „Манаки“ ќе имаме неверојатни филмски остварувања од најголемите светски фестивали. Имаме гости и кои сами се пријавуваат да присуствуваат на фестивалот. Прашуваа дали може да дојдат во Битола. Имаме врвни ѕвзди како наши лауреати, имаме многу журки, забави и коктели. Мака на овој фестивал секогаш беше дали ќе имаме доволно пари за да го изреализираме, па сега можам да кажам дека годинава за прв пат со ребалансот се обезбедени доволно пари. Оваа година ќе имаме гости студенти од најдобрите академии во Европа.

Годинава ќе го имаме Ентони Дод Ментел, директорот на фотографијз и кинематографер како што биле браќата Манаки. Соработувал со одлични режисери, номиниран за Оскар, и тој е првиот кој добил Оскар зашто снимил филм со дигитална камера. Тоа е нашиот лауреат за животно дело. Чекаме да ни потврди и кинематограферот на „Гладијатор“, на „Икс мен“, Џон Метисон. Годинава имаме диџеј од Берлин, по три журки ќе има во Битола секоја вечер. На три локации ќе се одвива фестивалот, во Домот на култура, таму имаме најмногу седишта, втората локација е киното Манаки, каде што ќе се одвива документарната и студентската програма, како и Офицерскиот дом, на летната тераса која ќе биде отворена за Мак корнер програмата. Секоја вечер ќе има филмови, рече директорот на фестивалот Симеон Мони Дамовски.

Слични содржини