Ракетен напад врз американската амбасада во Багдад

од Stefanija Kuzmanovska

Ракети беа истрелани вечерва во правец на силно обезбедената Зелена зона во Багдад, каде се наоѓа американската амбасада, која го прекина примирјето од повеќе од еден месец, прогласено од проиранските фракции во Ирак, изјави за АФП безбедносен извор од зоната каде што се наоѓа амбасадата.

Веднаш беше лансиран американскиот систем за противвоздушна одбрана Ц-РАМ, констатирале новинарите на АФП во центарот на Багдад, каде се слушнаа силни експлозии додека ракетите блескаа на небото над главниот град на Ирак.

Ирачките власти соопштија дека најмалку две ракети погодиле во Зелената зона, што означува крај на неофицијалниот прекин на огнот најавен од проиранските милиции во октомври.

Зелената зона е седиште на ирачката влада, како и бројни амбасади покрај американската.

Честите напади насочени кон американската амбасада го натераа Вашингтон да се закани дека ќе ја затвори својата дипломатска мисија во Багдад и ќе предизвика дипломатска криза пред изборите во САД.

Слични содржини