Ракетен напад за време на молитва во Авганистан (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку ракети паднаа во близина на претседателската палата во Авганистан за време на молитвата по повод Курбан Бајрам, објави државната телевизија.

Тој момент го снимија телевизиските камери, а видеото покажува дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани продолжил да се моли и покрај експлозиите.

Портпарол на Министерството за внатрешни работи соопшти дека нема повредени.

Локалните медиуми објавија дека избувнале најмалку три експлозии.

Сè се случи околу 3.30 часот по локално време, а експлозиите се слушнаа низ целата добро обезбедена „зелена зона“ на Кабул, каде се наоѓа претседателската палата, како и неколку амбасади, вклучително и американската.

Слични содржини