Ракетите во Багдад експлодирале на 100 метри од амбасадата на САД

од Aleksandar Todeski

Ракетите кои вечерва експлодираа во Багдад дошле на 100 метри до амбасадата на САД, пренесува агенцијата Ројтерс повикувајќи се на полициски извори. Ракетите, како што пренесува агенцијата, паднале во Зелената зона без да предизвикаат човечки жртви, но предизвикале пожар.

Експлозиите доаѓаат на неполн ден откако Иран лансираше дванаесет ракети кон ирачките бази во кои се сместени американските трупи.

Одговорноста за нападот на базите ја презеде иранската Револуционерна гарда од каде, наведоа дека нападите доаѓаат како одмазда за убиството на генералот Касим Сулејмани.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нови економски санкции против Иран по ракетниот напад врз базите во Ирак каде се сместени американски војници.

Слични содржини