Ракитиќ го менува Погба во Јуанјтед?

од Vladimir Zorba

Планот на Манчестер Јунајтед да го донесе фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ би можел да пропадне.

Според шпанските медиуми, и Атлетико Мадрид е заинтересиран за фудбалерот и постои голема можност Хрватот да ја продолжи кариерата во Мадрид.

Каталонците бараат 20 милиони евра за 32-годишниот играч од средниот ред, што не претставува проблем ниту за Атлетико ниту за Јунајтед, а сега и Милан се појави како една од заинтересираните страни.

Јунајтед бара замена за Пол Погба, кој се чини дека ја заврши својата кариера на „Олд Трафорд“, откако со месеци беше надвор од теренот со повреда на зглобот.

Французинот наводно побарал од „црвените ѓаволи“ да го ослободат во текот на летото, па можеби Ракитиќ е вистинското решение за средниот ред на Јунајтед.

Слични содржини