Ракометарките на Холандија за првпат во својата историја ја освоија светската круна

од Vladimir Zorba

Холандија ја победија Шпанија со 30:29 во финалето на Светското првенство во ракомет за жени, и за првпат во својата историја ја освои светската круна.

Холанѓанките го добија првото полувреме со 16:13, и предноста умешно ја одржуваа до крајот, па во своето второ финале, дојдоа до првата титула, откако освоија бронза на претходниот Мундијал.

Завршницата на финалниот меч беше драматична. Шпанките при 29:29 имаа напад, но направија грешка, па противникот доби шанса за шест секунди да даде гол и да победи. Во самиот финиш, беше досуден седмерец за „лалињата“ кој го искористи Абинг, и нивната огромна радост можеше да почне.

Слични содржини