Раководството на Баерн под истрага, обвинети се за проневера на плати

од Vladimir Zorba

Германското правосудство покрена истрага против сегашни и поранешни членови на раководството на Баерн Минхен поради платите во клупскиот Центар за млади таленти, пренесува германскиот јавен сервис WDR.

Предмет на истрагата се првиот човек на клубот Оливер Кан, спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и поранешниот прв човек Карл Хајнц Румениге.

По наредба на обвинителството се води истрага поради сомневања за прекршување на законот за минимална плата во Центарот за млади таленти на Баерн.

Неколку поранешни тренери на младинците тврдат дека за 450 евра месечно, колку што заработувале, работеле многу повеќе од дозволените 10 часа.

Бидејќи Баерн е акционерско друштво, вообичаено е прво да се води истрага против членовите на одборот.

Во текот на истрагата ќе се утврдува можната вина на одредени лица.

Слични содржини